Помошни елементи за дизајн

Помошните елементи за дизајн за користење во материјали за кампања се категоризирани во 4 области: B2C услуги за корисници, Карактеристики на производот, Совет/Бонус/Услуга и Печати за квалитет.

B2C услуги за корисници

Оваа категорија ги претставува услугите или иницијативите насочени кон корисникот. Дизајнот се состои од квадрат кој го содржи А1 логото со додаден типографски опис на услугата.

Карактеристики на производот

Ако ги нагласувате карактеристиките на производот, користете ги соодветните икони од нашиот сет на икони. Иконите треба да се прикажуваат во А1 Black или White боја, во зависност од читливоста.

Дознајте повеќе за нашите икони.

Нагласување на карактеристики

Кога некоја карактеристика на производот бара посебно внимание, може да биде нагласена со користење на хексагонална позадина или може да биде групирана со текстуален опис. Во овие ситуации, крајниот елемент го нарекуваме „беџ”.

Мултифункционална кошница (hive)

Previous
Next

Ако заедно се прикажуваат повеќе беџови со карактеристики на производот, тие можат да бидат групирани во поврзана конструкција наречена “кошница” (hive). Беџовите во кошницата содржат маргина од X/2. Тие треба да бидат групирани заедно во прикажаната форма.

Печати за квалитет

Овие елементи претставуваат карактеристика, својство или атрибут кој се однесува на А1 производ, услуга или ентитет.

Мултифункционална кошница (hive)

Овој симбол се користи за идентификација на производи и услуги во комуникацијата за категоријата Xplore.

Совет/Бонус/Услуга

Ако иницијативата за кампања има доволен животен век, може да се креира беџ за Совет/Бонус/Услуга. Овој идентификатор има два дела: хексагон со икона и типографски опис.

Верзии на бои

Помошните елементи за дизајн можат да се користат и во Hot Red и Heavy Grey боја.

Погледнете ги нашите упатства за брендот!