Стилови на дизајн

Постојат два стила на рекламна комуникација во А1 системот.

Стил 1
Рекламирање
на животен стил (Lifestyle)

Стил 2
Продажно рекламирање (hard-selling)
фокусирано на производот, со рамка од текстурата на логото

Постои и комбинација од двата стилови, која овозможува за производите да се користи Lifestyle рекламирање како во Стил 1.

Стил 1 хибрид
Lifestyle околина со производ

Елементи на дизајн

Генерално, постојат четири компоненти на дизајнот за секој комуникациски формат (layout).

1. Фотографија / Текстура
Во Стил 1 фотографијата служи како позадина за другите елементи. Во Стил 2 текстурата на логото служи како рамка на рекламата.

2. Наслов и поднаслов
Насловот и поднасловот функционираат како еден елемент и никогаш не се разделуваат.

3. Информации
Body-текст, цени, икони, URL и стикери за нагласување.

4. Лого
Логото може да биде поставено во секој агол, во зависност од изгледот.

Преземете ги темплејтите за А1 комуникација.