Добре дојде во нашата стратегија за брендот.

Нашата мисија: зајакнување на дигиталниот живот

„А1“ станува меѓународен бренд

Со самото прераснување на „А1“ во меѓународен бренд, пишуваме дел од историјата на компанијата. Мора да бидеме сигурни дека нашиот бренд ќе се развива силно и доследно – и за нашите корисници и за нашите вработени.

Тоа е нашата јасна цел за брендот. Секој што работи со овој бренд има важна улога во постигнувањето на нашиот успех.
Токму затоа, важно е да го познаваш, да го разбираш и, секако, да се инспирираш од брендот.

Зајакнување на дигиталниот живот.

Живеењето во дигиталната ера нè соочува со целосно нови предизвици. Дигиталната технологија нуди фасцинантни нови можности, ни го збогатува секојдневниот живот, но и ни го прави покомплициран.

Брендовите стануваат сè поважни: нудат ориентација, создаваат нов идентитет, транспарентност и едноставност. При секоја интеракција и секој контакт. Доброто комплетно корисничко искуство е одлучувачко за одржливоста на успехот.

Брендот го градиме во рамките на секоја интеракција и комуникација со корисниците.
  • Основни производи и понудаНа кој начин може брендот да го инспирира создавањето или да влијае врз основните производи и понуда?
  • КомуникацијаНа кој начин би можел брендот да поттикне комуникација преку која ветувањата се исполнуваат, наместо само да се соопштуваат?
  • Услуги со додадена вредностНа кој начин би можел брендот да го инспирира создавањето дополнителни услуги или да влијае врз нив со цел подобрување на вредноста во однос на потрошувачката или користењето на основната понуда?
  • Customer journey expierenceНа кој начин би можел брендот да им поттикне подобро и попријатно искуство на корисниците преку комплетен третман на корисникот?
Нашите водечки начела

За да ја спроведеме нашата стратегија, во рамките на сите наши активности ги следиме сите внатрешни водечки начела на групацијата „А1“. Тоа се насоките во кои веруваме и според кои учиме како се однесуваме како дел од „А1“.


  • Тим
  • Доверба
  • Агилност

Градиме бренд со доживотна вредност во дигиталната ера.

Еден бренд со доживотна вредност во дигиталната ера мора да биде ненадминлив во сите области на корисничкото искуство.

Еден бренд во дигиталната ера мора да биде ненадминлив во сите области на корисничкото искуство.
  • Услуги и платформи
  • Грижа за корисниците
  • Внатрешна поставеност
  • Приказни
  • Канали
  • Предлози

Поврзување, решенија и искуство

Столбовите на брендот се областите на кои се фокусираме за извонредност и иновација. Тоа се основите на ветувањата на нашиот бренд.

1. Поврзуваме луѓе, места и нешта

Во време кога сè е поврзано, луѓето, предметите и местата, ние се стремиме да го предефинираме значењето на поврзаноста со цел да обликуваме свет на можности и искуства што постојано еволуира.

Со постојано подобрување на нашата инфраструктура, нашата мрежа, со додавање нови забавни услуги, можности за поврзување и паметна технологија, го нудиме најдоброто корисничко искуство.

2. Нудиме решенија кои го подобруваат животот во дигиталната ера

Ние сме посветени на обезбедувањето издржани решенија што ги исполнуваат сегашните и идните потреби на нашите корисници со цел да може да уживаат во работата, забавата, креирањето и споделувањето со поголема поврзаност, на начинот што ним им одговара.

Сакаме да бидеме неприкосновени во обезбедувањето забавни содржини на барање на корисниците во нивниот дом, интегрирани деловни решенија и корисни платформи во сите кориснички сегменти.

3. Обезбедуваме целосно корисничко искуство

Целосното корисничко искуство е патување во кое ние се стремиме да испорачаме ненадминливи услуги и корисничко искуство при секоја интеракција. Посветено го користиме нашето знаење за да ги предвидиме потребите на корисниците, за да ја олесниме интеракцијата, притоа елиминирајќи ги сите пречки и сложени ситуации.

Со најдоброто корисничко искуство од пребарувањето со купувањето, од инсталацијата до активацијата, при секоја интеракција – онлајн и офлајн – го реализираме замисленото.

Трите столба на нашиот бренд се:
  • Поврзуваме луѓе, места и нешта
  • Нудиме решенија кои го подобруваат животот во дигиталната ера
  • Обезбедуваме целосно корисничко искуство

Го збогатуваме дигиталниот живот на нашите корисници

Ова е ветување на брендот што сакаме да им го оствариме на нашите корисници.

Поврзуваме луѓе, места и нешта за побогати искуства во работењето, животот и забавата

Од тарифни модели и пакети до идеи, игри забава. Од решенија за паметен дом до М2М и клауд-решенија за вашиот бизнис.

Ги поврзуваме луѓето, местата и нештата за побогато искуство при работата, живеењето и забавата.

Алатки за продуктивност, поврзан персонал, ресурси за соработка, ИКТ-решенија, безбедност на податоците и информациите, поддршка, инспирација и идеи преку содржина.

Ги поврзуваме луѓето, местата и нештата за побогато искуство при работата, живеењето и забавата.

Забава и содржина, лична продуктивност и алатки за животно менаџирање, платформи за учење, е-гејминг само за забава, платформи за здравје и велнес.

Карактерот на нашиот бренд

Како сакаме да бидеме сфатени од корисниците и од општеството?

Гледаме нанапред

Љубопитни сме и сакаме да дознаеме сè за луѓето, светот и на кој начин може моќта на технологијата да нè придвижи напред. Целиме да бидеме еден чекор понапред. Целиме кон идејно лидерство.

Внимателни

Се грижиме за нашите корисници. Постојано будно ги следиме моменталните и идните потреби и очекувања што ни помагаат да откриеме на кој начин би можеле на корисниците да им овозможиме дополнителни придобивки преку издржани иновативни решенија. На тој начин стануваме примамливи за корисниците.

Исполнети со живот

Живееме во прекрасни, динамични времиња што изобилуваат со потенцијал и со можности. Секогаш негуваме позитивен дух, заразна енергија и свеж пристап „сè е можно“ кон животот, работата и забавата. Полни сме со енергија.

Од доверба

Бидејќи нашите услуги стануваат неразделен дел од животот, се стремиме да станеме некој кому нашите корисници и општествата во кои постоиме може да му веруваат и да се потпрат за да им биде овозможено она што им е ветено.

Еве како сакаме да нè сфатат корисниците и општеството.
  • Гледаме нанапред
  • Внимателни
  • Исполнети со живот
  • Од доверба

Тоналитетот на нашиот бренд

Како звучи и како се обраќа брендот „А1“? Начинот на кој зборуваме и пишуваме, што кажуваме и како го кажуваме тоа.

Јасни

Неколку странски збора, придавки и суперлативи. Употребата на технички јазик е сведена на минимум, колку што е можно. Зборуваме и пишуваме прецизно, колку што е можно појасно и поконцизно. Секогаш користиме активна форма и секогаш сме колку што е можно поконцизни.

Недвосмислени

Дури и најсложената содржина може едноставно да се објасни конкретно на секоја целна група. Добро избраните примери и метафори може да бидат од корист во овој контекст. Подобро е да се користи дијаграм наместо бројки, слика наместо илјада зборови. Не плашете се да користите директни и концизни реченици. Меѓутоа, внимавајте да не звучите банално.

Автентични

Се држиме до тоа што сме го кажале, меѓутоа без да бидеме арогантни и да изгледаме како „сезнајковци“. Подготвени сме во секој момент да го исполниме ветеното. Тоа што сме автентични значи да не го криеме нашиот австриски карактер.

Компетентни

„А1“ може да го постигне неверојатното. Според тоа, способни сме да одговориме на поединечните желби на нашите корисници. Притоа, се фокусираме на јасноста и развиваме иновативни решенија што се разбирливи за нашите корисници.

Лични

Ние сме шармантни, сочувствителни и токму затоа комуницираме непосредно. Блискоста до нашите корисници е секогаш најважна. Целта на нашата комуникација е да ги инспирираме и секогаш да им нудиме прилив на позитивни изненадувања.

Еве како звучи брендот:
  • Јасно
  • Недвосмислено
  • Компетентно
  • Автентично
  • Лично

Суштината на нашиот бренд

Ова е идејата околу која се заснова целиот бренд. Обединувачка мисла за нашите корисници, партнерите и вие, тимот.

Создади искуство
кое ТИ сакаш да го живееш.

  • Искуството е новиот луксуз, притоа надминувајќи ја сопственоста како аспирација.
  • Дигитализацијата едноставно ни овозможи да искусиме повеќе, и онлајн и офлајн.
  • Корисниците сакаат работата, забавата, креирањето и споделувањето да се случуваат со поголема поврзаност, на начинот што ним им одговара.
  • Искуството е она што се памти, тоа е она за што се зборува.

Дизајнот на нашиот бренд

Нашиот систем на дизајнирање ја отсликува димензионалноста на животот во дигиталната ера.

Шесте основни елементи се причината за единствените „изглед и чувство“ на комуникацијата во рамките на бредот „А1“.
  • Систем на лого
  • Бои
  • Типографија
  • Стил на сликите
  • Начела на дизајн
  • Звук и движење
Нашиот бренд – препознатлив и игрив

Прочитај повеќе и разгледај го системот за дизајнирање на „А1“ за подобро да го разбереш нашиот дизајн.

Локални стратегии

Локалните стратегии за брендот се достапни само за вработените на „А1“.

Добре дојде во нашиот одличен бренд. Само заедно може да му помогнеме да успее!